„Охрид – град без комунален отпад“


ЈП Охридски Комуналец Охрид му објави војна на комуналниот отпад.

 |  Маленкова Татјана  | 
komunalen otpad
комунален отпад

„Охрид – град без комунален отпад“ е проектот кој ќе го реши проблемот на Охрид со отпадот, а при тоа на ЈП ќе му донесе и приход . Директорот на ЈП, Сашо Алче денеска јавно го презентираше проектот за изградба на фабрика за производство на компост и погонско гориво.  Пред присутните Алче кажа дека во ЈП секојденевно се води евиденција за количеството на отпад што се носи на депонијата Буково и  во делот на содржината на отпадот која се депонира таму. Од овие прелиминарни резултати сега ќе проеизлезе студијата за економска исплатливост и студијата за заштита на животна средина за фабриката која треба да се гради.
 

Првиот бенефит од овој зафат е што ќе се заштит биодиверзитетот  на Охридското Езеро и на Охрид  од fabrika za otpad несоодветното депонирање на отпадот, бидејќи  од долго најавуваните регионални депонии сеуште нема ни трага ни глас.  Според првиот човек на ЈП  подготовките за оваа фабрика треба да завршат за шест месеци, по што ќе се започне меѓународна тендерска постапка за избор на најдобар понудувач. Фабриката за селектирање на отпад мора да се изгради во индустриска заона и истата нема да влијее врз животната средина.

„Нормално е да се изгради во индуструска зона, бидејќи фабриката ЕМО е всушност во индустриска зона  размислување на градоначалникот Александар Петрески беше од владата на Р Македнонија да се побара пред да се случи продажбата на ЕМО еден погон заедно со механизација, бидејќи ЕМО нема механизација да се отстапи на локалната самоуправа, бидејќи ова е од интерес на граѓаните на Охрид и на цела држава.  Кога странците доаѓаат во Охрид откога ќе видет дека е собран сметот и дека се чисти улиците, не прашуваат каде го носите отпадот.  Ние го носиме Буково. Доколку некој дојде да види како е во Буково, ќе види дека тоа е исто ѓубриште како што им во Струга  Вевчани и Дебрца, кои можат понатака да се приклучат во проектот“, вели директор на ЈП Охридски Комуналец, Сашо Алче.

Алче додава дека оваа фабрика ќе може да работи во повеќе смени, со што ќе го реши проблемот со fabrika za otpadвработување на 60 тина до 70 семејства.  Што се однсува пак до тоа колку ќе чини изградбата на оваа фабрика, директорот вели дека врз вредноста и врз она што ќе се добие како производ, влијаат повеќе фактори.  

„ Онаква фабрика како што ја имаме предвидено е некаде вредност околу 3 и пол милиони евра. Меѓутоа вредноста ќе се добие со меѓународен тендер. Дали ќе биде 2 и пол, а нема да биде повеќе од 3 и пол, тоа ќе се види понатака.   Но кога зборуваме за бенефит од една ваква фабрика покрај суровини од 550 илјади евра годишно, тука треба да ги вкалкулираме и оние трошоци   кои понатака ќе ги нема. Околу 200 илјади евра ние годишно ќе заштедуваме од тоа што не ќе имаме трошок за депонијата Буково. А колку време ќе се исплати зависи исто од повеќе фактри“, вели Алче.

Алче е категоричен дека оваа фабрика нас ќе ни се исплати веднаш, затоа што заштитата на Охрид и на охридското езеро е непроценлива. „Меѓутоа кога зборуваме за пари мислиме дека во период од 10 години колку што трае онаа гаранција дека истиот ќе се исплати финансиски, а понатака се ќе биде бенефит на локалната самоуправа  и на Охрид“, додава првиот човек на ЈП Охридски Комуналец.
Само за потсетување сега, комуналниот отпад се собира на класичен начин. Во одредени делови од градот се селектира, а остатокот се носи во Буково. Ако се реализира овој проект, според неговите иницијатори, годишно би се произведувал материјал во вредност од околу 500 илјади евра по принципот компост – суровина – енергија.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top