Охрид и охридските цркви се неисцрпна ризница на културно наследство. Дел од него е ставено пред очите на јавноста, а дел е скриено. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ е отворена нова галерија на икони од 18 и 19 век.
Доцнат работите околу реконструкцијата на ул Мите Богоевски. Жителите рагираат бидејќи патот не само што е каллив и го нагрдува амбиентот во централното градско јадро, туку неколку дена се изолирани, без можност за пристап на возилата на итната медицинска помош и противпожарната единица.
Разговарале околу очекувањата од годината што претстои, но и околу новите студиски програми кои би се вовеле во иднина.
Осовременување по светски стандарди на офталмолошките одделенија. Општа болница Охрид доби опрема во вредност од 140 илијади евра. Неколку апарати меѓу кои и ласерот за горење на крвните садови на дното на очите кај пациентот, се само дел од колекцијата современи апарати кои веќе се сместени во офталмолошкото одделение во охридската болница.
По повод Светскиот ден на гладта и Неделата на борба против гладта, Црвениот крст спроведува кампања за помош на социјално најзагрозените семејства. Од охридската организација апелираат сите кои можат да донираат дел од своите парични средства бидејќи тие се многу малку за нив, но многу значат за социјално загрозените семејства.
Екологистите од „Грашница“ и Движењето на екологистите од Македонија, реагираат на Законот за животна средоина.
Голем интерес за ревматоидните прегледи на д-р Нада Марина во Општата болница во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град