На крајот од годината се сумираат резултатите во повеќе области. И СВР Охрид ги направи крајните сондажи. Во однос на безбедносната состојба во средните и основните училишта во градов бројките се охрабрувачки.
Излози разубавени во духот на новогодишните празници, ем прават убава глетка, ем ги привлекуваат купувачите по охридските дуќани.
Во организација на градоначалникот Александар Петрески, Локалната самоуправа и Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, во спортскиот центар „Билјанини извори“, за најмладите се одржа хуманитарен хепенинг. Собраните средства одат во рацете на дечиња со посебни потреби.
Во духот на општествено одговорна компанија, тие со нова донација за специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ од Охрид.
Нов сообраќаен режим на Кеј Маршал Тито и кружниот тек кај плоштадот. Од Локалната велат дека ова е времено решение поради престојните празници. После јануари се се враќа на старо.
Информацијата дека некои пчелари добиле сметки за плаќање на закупнина за пашарина ја негираат од ЈП за стопанисување со пасишта.
Со вечерната миса во црквата „Свети Кирил и Методиј“, граѓаните со католичка вероисповед од Охрид, ќе го прослават раѓањето на спасителот, Исус Христос.
Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа Новогодишен панаѓур на кој се продаваа домашно изработени деликатеси.
И денеска во две основни и едно средно училиште се спроведоа пробни тестови за екстерно оценување.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град