Во ЈП „Македонски шуми“ се прават подготовки за воведување на дозволи за собирање на шумски плодови.
Епидемиолозите ги обучуваат младите како да се заштитат од грип.
Индискиот бизнисмен најави дека комплексот кој ќе се гради Љубаништа ќе биде меѓу најдобрите десет во светот.
УЈП, со потсетување за обврските на фирмите и за издавање на збирни пресметки на вработените за исплатените приходи во минатата година.
Опозицијата продолжува со протестите кои беа прекинати за време на празниците.
И годинава завод и музеј доби големо парче од финансискиот колач на министерството за култура.
Засилените мерки на претпазливост се во согласност со заклучокот на Комисијата за следење на сезонскиот грип.
Низ 35 фотографии на места и објекти низ градов фатени низ објективот на фотоапаратот пред петнаесетина години и денес може да се види како градот растел и се менувал низ времето. Во куќата на Робевци поставена е изложба на документаристички фотографии кои се сведок за едно време што минало.
Жителите на улицата „Петрино“ наместо на асвалт веќе шест месеци газат во кал. Тие со петиција бараат под итно да се санира овој за нив голем проблем. Од Локалната пак, велат дека до отворањето на асфалтните бази може да се изнајде само времено решение.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град