Субрата Рој кажа дел од плановите за Љубаништа


Индискиот бизнисмен најави дека комплексот кој ќе се гради Љубаништа ќе биде меѓу најдобрите десет во светот.

 |  Маленкова Татјана  | 
Stavreski - Roj
Ставрески – Рој

Ова езеро е толку големо и убаво, но најважно е што луѓето овде се многу топли. За мене е најважна комбинацијата на убави места и пријатен народ“, рече денеска индискиот бизнисмен Субрата Рој пред новинарите.  Тој додаде дека во Охрид се чувствува како да пронашол нешто одамна изгубено, по што станал емоционално близок со луѓето во овој град.  
Рој беше категоричен дека луѓето од Сахра груп не прават мали планови, туку напротив се што прават е во големи размери. Токму поради тоа рече индискиот милјардер за Љубаништа имаат направено една огромна програма , која ќе биде значајна не само за државата, туку и за Сахара. Рој потенцираше дека климата е нешто што посебно го привлекло, при што додаде дека и покрај тоа што Охрид го посети летото, негова голем желба била Охрид да го почувствува и во зима.  
„Едно туристичко место треба да има се како што се климата, инфраструктурата, луѓето, законите“, рече Рој subatra Roj и потенцираше дека денеска посебно уживал во снегот.

“Доколку Охрид не го претвориме во една од најдобрите дестинации во светот, мора да биде глобална дестинација. Инаку нема да уживаме во бизнисот. Не сме заинтересирани да дојдиме да направиме нешто просечно, тогаш зошто би дошле. Ова мора да биде врвна класа и мислам дека ова треба да биде една од најдобрите 5 до 7 најдобри дестинации во светот. Тоа е идејата“,рече  бизнисменот Субрата Рој.

Рој е катагоричен дека владата и Сахара груп  треба да средат уште многу работи, со што ќе направат услови да се започне со проектот. На средбата вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министрот за транспорт и врски Миле јанакиевски и бизнисменот Субатра Рој, го направиле финалниот тим кој ќе раководи со овој грандиозен проект.
Дека тимот е комплетиран потврди и вицепремиерот Ставрески.

Stavreski - Roj„Ние веќе формиравме управувачки комитет во кој имаме преку 25 лица, преставници од различни државни институции кои работат на три, четири сета на прашања. Еден сет се правните прашања околу проектот легислативата, управувањето и слично, Вториот сет се финснаиски прашања, даночни и други, третиот сет се инфраструктурни прашања  и четвртиот сет се околу маркетингот и слично. Овие тимови на највисоко ниво потоа ги разгледуваат прашањата и ги разговаат со луѓе претстевници експерти испратени од страна на сахара груп и во оваа насока ќе оди приближувањето на проектот во следните месеци“, истакна вицепремиер на Р Македонија, Зоран Ставрески.

Ставрески потенцираше дека една од екипите работи исклучиво на еколошките прашања.  Како што кажа вицепремиерот дел од оваа екипа се министерот за животна средина, претставници на Хидробилошкиот завод, Унеско. Дел од овој тим се и сите други институции од културата и заштитата на културната средина. Ставрески додаде дека Владата и Сахара Груп се договориле сите стандарди да бидат максимално почитувани со цел проектот да биде транспарентно подготвен, но и да одговори на сите стандарди за заштита на  Охридското Езеро.
Што се однесува на прашањето со обештетување на граѓаните на чии имоти ќе се гради комплексот, вицепремиерот со став:

„Таму е предвидено да се формира туристичка развојна зона на која ќе се постави проектот и согласно законот граѓаните ќе бидат обештетени“, категоричен е Ставрески.

Индискиот милјардер Рој не даде многу детали за тоа дали проектот ќе изгледа финално како на нацрт плановите. „никој не знае како комплексот ќе изгледа по 5 години. Имаме вакво искуство, имаме направено град на 10 000 хектари. Кога почнуваш ваков проект велиш стави двојно, па добро да има и од ова, со што го шириш истиот“, рече Рој.
Бизнисменот беше категоричен дека проектот кој ќе се гради во Љубаништа не е наменет само за локалното население, туку за бизнисмени од целиот свет.
Со Рој денеска во Охрид покрај неговите најблиски соработници беше и неговиот пријател од Њу Јорк, индиец кој како што го претстави бил врската помеѓу американската и индиската влада.

Компаниjaта на Рој утрово ја реализираше и првата инвестиција во земјава со тоа што го купи хотелот Славија Спектар во Охрид. Како што најави индискиот милјардер, станува збор за објект кој ќе служи за техничка поддршка за време на градењето на комплексот во Љубаништа и за достојно пречекување на бизнис-партнерите и коинвеститорите. Попладнево Субарта Рој со владини претставници замина за Преспа каде што ќе посети можни потенцијални локации за идни инвестиции.
 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top