Ваквите курсеви се добредојдени и позитивно влијаат на текот на изборите, велат од струшката изборна комисија.
Како што расте бројот на обложувалници и коцкарници расте и бројот на зависници а возрасната граница се намалува. Мора да ја подигнеме јавната свест за она што се случува позади сјајните светлечки реклами и затемнетети стакла, дека таму има луѓе на кои им е потребна помош, велат од здружението на граѓани Кво Вадис 021. Целта на ова новоформирано здружение во Охрид е едукација и превенција од хазардни игри.
Охриѓани конечно можат да здивнат. Градоначалникот Никола Бакрачески денеска го потпиша известувањето за раскинување на договорот со ДООЕЛ „Сузуки“, за закуп на паркинзите.
Во Охрид, сеуште не е извршена редовната дезинсекција против комарци и останати инсекти.
ТВМ ја продолжува сторијата за документацијата од поранешната Специјална детска болница во Свети Стефан. Државниот санитарен и здравствен инспекторат се изјасни за ненадлежен во врска со состојбата во која се наоѓа важната архива. Здравствените картони и истории на болести кои според закон треба да се чуваат и до 15 год по смртта на болниот гнијат во ходниците на руинираниот објект.
Воспоставен системот на радио врска помеѓу бродовите и охридската капетанија. Овие радиостаници првенствено се направени за контакт меѓу бродовите, но поседуваат можност и за општа узбуна.
СВР Охрид ги расветли двата случаи на нарушување на јавниот ред и мир.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град