Одбележување на Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените

Во рамките на кампањата за превенција на семејното насилство, насловена „Вистинскиот маж никогаш не удира жена“ денеска во Скопје ќе се одржи манифестација од забавен карактер со кој ќе се одбележи Меѓународниот ден за елминицаија на насилство врз жените.

logo
лого

Во рамките на кампањата за превенција на семејното насилство, насловена „Вистинскиот маж никогаш не удира жена“ денеска во Скопје ќе се одржи манифестација од забавен карактер со кој ќе се одбележи Меѓународниот ден за елминицаија на насилство врз жените,

bilbordЦелта на оваа кампања, која е во организација на агенциите на ОН во земјата и Министерството за труд и социјална политика, е да ја подигне јавната свест во однос на темите поврзани со семејното насилство, но и да ги поддржи напорите за справување со овој негативен општествен феномен, кој во земјава бележи загрижувачки димензии.
Поздравни обраќања ќе имаат министерот за труд и социјална политка Џељаљ Бајрами, националниот програмски координатор на фондот на население на ОН Татјана Шикоска и раководителот за развој во Амбасадата на Кралството Холандија Герт Кампман.   

На настанот ќе учествуваат голем број македонски естрадни уметници како Дани Димитровска, Роберт Билбилов, Бени Шакири, Александар Митевски, Ѓоко Таневски, Влатко Лозановски како и дел од спортистите – учесници во кампањата „Вистинскиот маж никогаш не удира жена“.
Кампањата и активностите за ангажирање на јавноста во борбата против семејното насилство е дел од опсежната тригодишна програма на ОН и МТСП за превенција на семејното насилство, како и воспоставување на одржлива платформа за помош на жртвите и нивна понатамошна рехабилитација. Како клучна се издвојува потребата од координиран и интензивен напор на државните институции и граѓанскиот сектор, покрај зајакнување на националните и институционалните капацитети, да развие и повисоко ниво на јавна свест дека насилството е неприфатливо и треба да се поддржи секој напор тоа да се искорени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top