Во општина Охрид поднесени се вкупно 11 500 барања за легализација на бесправно изградените објекти. 2 500 од нив досега се завршени. Процесот на легализација посебно е интензивиран последниве 4 месеци со формирање на експертски комисии и конкретен акционен план.
Делегација од локалната и од бугарскиот конзулат во Битола денес им оддадоа почит на жртвите од бродската несреќа која се случи пред четири години. Преставникот на бугарскиот конзулат рече дека во најскоро врема очекува општината да подигне подостоинствен паметник кој ќе потсетува на овој трагичен настан.
Покрај поголемите класи, во водите на Охридското Eзеро денес заплови и класата со најголем број едриличари, класата Оптимист.
Балканот паѓа во втор план на шпанското претседателство со ЕУ, иако е меѓу приоритетите.
Сегашниот раководител на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски вели дека тие ќе бидат ставени во употреба но дури по завршувањето на анализата на техничката состојба на пунктовите и причината поради која тие не функционираат.
Полицијата ги идентификува лицата кои ја иницираа тепачката пред три дена во Струга.
Дивите депонии повторно никнуваат во делови од градот. Тоа е резултат на несовесното однесување на граѓаните убедува првиот човек на ЈП Охридски Комуналец Елена Скрческа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град