Фев 28, 2022

Нови 183 заразени со ковид во земјава, 9 починати

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 1.362 тестови, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 135. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.


Фев 21, 2022

Кривична за охриѓанец поради нелегално поседување на ловна пушка и куршуми

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А. (39) од Oхрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.


Фев 9, 2022

Охрид ќе добие Центар за нега на стари и лица со попреченост

Голем е интересот за користење на вакви услуги во домашни услови, а сега се овозможува да се едуцираат лица на кои им е потребна работа. Во општинската организација на Црвен крст во тек се уписи за обуки на негуватели кои ќе ги изведуваат стручни лица.


Дек 22, 2021

Поставени фотоволтаични панели за чуварската служба на депонијата „Буково“

Ј.П.„Охридски Комуналец” постави фотоволтаични панели за потребите на чуварската служба на депонијата „Буково” со што е надминат проблемот со немањето соодветни услови за снабдување со електрична енергија.

Ное 4, 2021

Не е вистина дека најсилниот човек на светот е убиен со вакцина

Целото тврдење дека вакцината го убила Данецот Џорџ Олесен е манипулација. Да, тој бил вакциниран, но во постот е испуштено да се каже дека се соочувал со други здравствени проблеми повеќе години наназад. Исто така, Олесен не е сегашен, туку поранешен најсилен човек на светот. Кога починал имал 60 години, а дански шампион во супертешка категорија во кревање тегови станал во 1983 година.


Окт 24, 2021

Уапсен модерниот Пабло Ескобар, најмоќниот колумбиски наркобос

Колумбиските вооружени сили го уапсија моментално најмоќниот дилер на дрога по смртта на озлогласениот Пабло Ескобар, Даир Антонио Усугу, познат како Отониел, водачот на моќниот картел Клан дел Голфо (Клан на Заливот), кој бил уапсен во една од колумбиските џунгли, пишува Гардијан.


Сеп 16, 2021

Три дена беснее пожар на Јабланица, жителите на Вишни преплашени

Пожар веќе три дена беснее на Јабланица. Синоќа пламените јазици наближувале до првите куќи во селото Вишни. Жителите преплашени, пожарникарите и Македонски шуми на терен ја набљудуваат состојбата, велат засега нема опасност од проширување.


Сеп 15, 2021

ЕУ со помош за најпогодените од пожарите во Македонија

Европската Унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите кои избувнаа во Македонија кон крајот на јули.


Јул 13, 2021

„Болнички комплекс“ со години во лоша состојба

„Болнички комплекс“ со години е во лоша состојба, велат жителите на овој дел од градот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top