Нови 183 заразени со ковид во земјава, 9 починати

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 1.362 тестови, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 135. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.

 |   | 

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се шест починати лица на возраст од 45 до 89 години. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица на возраст од 68 до 93 години.

Во последното деноноќие регистрирани сe 845 оздравени пациенти. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top