Ви претставуваме една интересна статистика. Што се случува за време на секоја секунда ширум светот и нашиот универзум?
Повторно ќе блесне сјајот на хотел Палас. Вака одлучија акционерите на денешното годишно собрание. По шпекулациите во одредени медиуми дека хотел Палас ќе почне со работа на 1ви јули оваа година, ТелевизијА ТВМ ви ја пренесува точната информација за реконструкцијата и отпочнувањето со работа на овој хотелски бисер. Со реконструкцијата ќе се започне по завршувањето на оваа туристичка сезона, а првите гости во хотелот со 5 ѕвезди се очекуваат наредната пролет
За половина денар се зголемува малопродажната цена на „евросупер БС-98“.
Ќе се плаќа надоместок за поставување на инсталации на патот, патниот и заштитниот појас, прекумерно користење на патот и вонреден превоз. Оваа одлука беше усвоена на последната седница на Советот на општина Охрид, меѓутоа, истата не прецизира како ќе се извршува наплатата на влез на туристичките автобуси и од кое место ќе се врши истата, реагираа дел од советниците од опозицијата.
Половина од охридските и струшките плажи без спасители
Медицинските екипи од Брза помош и понатаму се соочуваат со стари проблеми кои делуваат врз брзината на интервенциите. Се попречува влезот и излезот на возилата паркирани на бесплатниот паркинг во кругот на дворот. Екипите се судираат и со проблем при движењето на амбулантните возила низ охридските улици кога многу често возачите не им даваат предност.
Младите уметници дизајнери сеуште имаат можност да се пријават на конкурсот за избор на „Сувенир на градот Охрид“. Од нив се бара производот да биде уникатен, по кој во иднина нашиот град ќе биде препознатлив, а ќе служи за промотивни активности.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град