Повторно зглемување на цената на бензинот

За половина денар се зголемува малопродажната цена на „евросупер БС-98“.

benzinska
бензинска

За половина денар се зголемува малопродажната цена на „евросупер БС-98“. Малопродажните цени на „евросупер БС-95“ и дизелот остануваат непроменети, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

benzinskaНовата цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 80 денари за литар. Според одлуката на РKЕ, се зголемува и цената на мазутот и таа ќе изнесува 40,8 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 101,066 долар за барел и е за 0,39 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Kурсот на денарот во однос на доларот, пак, во овој период изнесуваше 47,25 денари за долар и е за 0,18 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top