Одлуката за усвојување на Годишната Програма за поставување времени објекти која се донесе на минатата седница за некои сопственици на вакви објекти е крајно незаконска. Најзасегнати се сопствениците на објектите наспроти автобуската станица кои јавно реагираа. Оваа одлука е неприфатлива и за советниците од СДСМ.
„Наша вечер во Охрид“ е насловот на програмата што вечерва во рамките на „Охридско лето“ ја носи големиот и признат драмски уметник и актер Иван Босилчиќ од Србија.
Советниците на опозицијата во Советот на општина Охрид денес уште еднаш потсетија на како што рекоа дадените, а неисполнети ветувања на градоначалникот Никола Бакрачески. Посочија дека сеуште нема ниту траг од новата современа меѓународна автобуска станица.
Новиот дел од охридската градска библиотека ќе биде отворен в година.
Фестивалското знаме кренато, а фестивалскиот оган запален. Од синоќа започна 56тото издание на фестивалот Охридско лето. Оперската дива Елина Гаранча од Латвија во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Ион Марин од Романија, ја кренаа многубројната публика на нозе.
За тие што мислат дека се добри во мултитаскинг, читајте ова: истражувањата се речиси едногласни, што е ретко во социјалните науки, и тие велат дека луѓето кои хронично практикуваат на мултитаскинг во основа се ужасни во секакви видови на когнитивни задачи, вклучувајќи го и мултитаскингот.
Израелскиот амбасадор во РМ, Дан Ориан, денес во посета на Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески. Многу заеднички проекти се планира да се реализираат во иднина, а пред се ќе се стави акцент на развојот на здравствениот туризам. На денешната средба меѓу другото се разговарало и за заедничките активности на израелската амбасада и општина Охрид околу реализацијата на настапот на младата актерска група Кармелим која вечерва има свој настап во рамките на Охридско лето.
Директорот на бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, од денеска е во пензија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град