Денес во рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од „Кај Паднатине“ на кои се гледа ѓубре кое е расфрлано од несовесните граѓани.
Согласно програмата на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта, деновиве започна реконструкција на улицата „ Коста Абраш“. Поради изведувањето на градежните работи улицата времено е затворена за сообраќај.
Целовечерен концерт во рамките на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе одржат романско-германскиот контрабасист Петру Иуга и романскиот пијанист Хориа Михаил. Тие ќе настапат вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.
Одржана работилница на тема „Полицијата и медиумите јакнење на меѓусебната доверба“.
За време на пробниот лет падна летечкиот автомобил
Котларата која се наоѓа во училиштето Браќа Миладиновци во Струга е дотраена и претставува потенцијална опасност. Директорот стравува дека може да дојде до дефект кој би предизвикал пожар. Со тоа е загрозено и училиштето и учениците. Бараат Министерството за образование да им набави нова котлара бидејќи тие сами не можат бидејќи нивната жиро сметка години наназад е блокирана.
Проблемот со решавањето на нерационалниот страв (затоа што рационален страв, на пример од мечка е корисен) е што до сега главен метод е директно соочување со истиот. Метод кој од очигледни причини и не е најпријатен.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град