Обсерваторијата „Мт. Џон“ во Нов Зеланд се наоѓа на надморска височина од 1.029 метри.
Градежната експанзија во населбата Билјанини Извори каде што била зацртана градба на триесетина и повеќе згради би донело до хиперпродукција на станови во Охрид, изјави првиот човек на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов. Тој смета дека таа експанзија во изминатиот период била непланска, а според него, на Охрид му треба изградба на комерцијални станови кои ќе ги купат охриѓани.
Македонската легендарна група Архангел повторно ќе се качи на концертната сцена.
Несоодветни кадри се вработуваат во охридските образовни институции, градоначалникот негира.
Во Охрид и Струга нема загадување на воздухот. Тоа го покажуваат неколкуте мерни станици на Центарот за јавно здравје. Тоа е резултат што сеуште немаме градежна експанзија од висококатници покрај езерската линија, како и се поголемата застапеност на пелетите како огревно средство, тврди др Лидија Симоноска.
Германија ја надмина бројката од 100 000 смртни случаи од ковид-19 од почетокот на пандемијата, а регистриран е и нов црн рекорд по бројот на новозаразени на дневно ниво. Само во последното деноноќие се регистрирани 351 нов смртен случај, во споредба со 264 една недела порано.
Охриѓани масовно се вакцинираат против сезонски грип. Од вчера во Центарот за јавно здравје се врши вакцинирањето. Од таму велат дека вакцини има доволно и дека граѓаните можат да се вакцинираат од октомври до месец март.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град