Утре, сабота 25-ти февруари, на репертоарот на Народен Театар Охрид, љубителите на добрата смеа ќе имаат можност да уживаат во втората сезона од претставата „ИМПРОВОКАЦИЈА“.
Денешната ждрепка сакаше да ги спои овие два великани
Поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид.
За брзо ќе се удира темелот на современ затворен градски пазар. Настан кој охриѓани долго го очекуваат. Но дали на просторот на паркингот каде се дислоцираат тезгите веќе неколку денови, обезбедени се соодветни услови за да функционира како зелен пазар на кој безбедно ќе се тргува со прехрамбени производи. За ова прашање, од Директорот на ЈП Градски Пазар , молк.
Спасувачите сеуште се во акција и нема официјален број на загинати
Колку си ја познаваме историјата. Денес во јавност излегоа информации дека на денешен ден бил роден големиот револуционер Христо Узунов. Поголемиот дел од историчарите го негираат овој податок, тврдејќи дека роденденот му е на 22 октомври. И документите кои се наоѓаат во спомен куќата на Узунов го потврдуваат тоа. Историската поставка која се наоѓа таму е од непроценливо значење, но слабо е посетувана од туристите.
Четиринаесет државни функционери имаат постојано физичко обезбедување, информираат во МВР, пишува Дневник.
Фатен осомничениот за убиството во Охрид кое се случи на 20 февруари на ул „Галичица“. Тој потекнува од Куманово, а живеел во истата станбена зграда со жртвата и добро ја познавал. Завчера вечерта осомничениот ја убил шеесет и седумгодишната Спаса Бојоска, најверојатно во потрага по пари, со неколку убодни рани во пределот на телото и главата.
Зајакот Ралф повторно може да се пофали со титулата на најголемото и најдебелото зајче на светот. Оваа титула е повторно во неговите шепи, откако ја изгуби во 2010 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град