Од неофицијални извори се лиферувани и имињата на кандидати кои ја добиле довербата на членството на вчерашното гласање.
Маглата и денеска е причина за намалена видливоста на повеќе патишта низ државата, како и за откажување и пренасочување на летовите од скопскиот аеродром.
Клубот ги загуби просториите и пловните објекти. Ова е исходот од судскиот спор кој повеќе од 4 години го водеше клубот Југ со Кичевско Дебарската епархија во кој спорна беше сопственоста на просториите каде што беше сместен клубот.
Повеќе од 2.000 мажи и жени учествувале во ова истражување во кое е откриено дека на прво место се комплиментите, кои еден маж може да ги упати кон една жена, а на врвот на листата се наоѓа токму за убавата фигура.
Православните верници не се само еден ден, недела, месец или година христијани. Тие се цел живот христијани. Па оттука е и апелот на отец Владо Недески од дебарско кичевската епархија, кој советува оние кои одлучиле да постат, да испостат 40 денови а не само една недела, па да се причестат и да сметаат дека се им е дозволено.
Одбележана 109 годишнината од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошњаков. Неколку делегации од градов пред неговата родна куќа положија свежо цвеќе оддавајќи му почит на Бошњаков за делата, посебно за неговите залагања во борбата за самобитност на македонскиот народ.
Најдобрата канадска лизгачка Џоани Рошет изминативе два дена поминувала низ лична драма, но вчера смогна сили за настап во кратката програма после која го зазеде третото место.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град