Драмските дела „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“ на македонскиот писател Дејан Дуковски првпат ќе бидат изведени во Њујорк, во престижниот Продусерс клуб (Producers’ Club), на Бродвеј.
По подолга пауза, за понеделник, 19-ти јуни е закажана 71-та седница на градскиот совет, со почеток во 11 часот.Советниците ќе расправаат по 37 точки предвидени со дневниот ред.
Лошиот противник на Бетмен, Лекс Лутор ќе го игра Џеси Ајзенберг кој за улогата во филмот „Социјална мрежа„ беше номиниран за Златен глобус и Оскар.
Од први јули годинава се очекува поскапување на цигарите во Македонија. Според пресметките, кутија цигари ќе поскапи за околу 4 денари.
Кај фудбалското игралиште „Караорман“ ќе никне хотел, а ќе исчезнат неколку капитални објекти покрај Охридското Езеро на струшкиот дел.
Охриѓани и стружани пијат исправна вода од градските водоводи.
Навивач на белградскиот фудбалски клуб бил застрелан во среда навечер на мечот со локалниот ривал ОФК Београд.
Дирекцијата на Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) започна со редукција на уличното осветлување во делови од ТИР Зоните низ државата, а целосно се исклучени и надворешните светлечки табли во Дирекцијата, како придонес во надминувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор.
Има ли решение за дивата депонија во Струга. Министерот за животна средина Садула Дураку, министрите без ресор Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко како и ВД Градоначалникот на Струга Мустафа Забзун денес во Струга разговараа околу овој долгогодишен проблем. Засега нема трајно решение, но ќе се бара краткорочно. Една од опциите е отпадот од Струга да се депонира на Буково.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град