Охриѓани и стружани пијат исправна вода од градските водоводи

Охриѓани и стружани пијат исправна вода од градските водоводи.

 |  Валентина Неловска  | 

Водата во градските чешми во Охрид и Струга, а и во Дебрца е безбедна за пиење информираат од Центарот за јавно здравје. Нивните анализи од испитувањето на квалитетот на водата во последните 3 месеци покажале дека водата е со добар квалитет. Но тоа не случај со селата кои пијат нехлорирана вода веќе подолг временски период како што се Вапила, Ливоишта, Свиништа, Куратица, Елшани.

„Дел од селските водоводи имаат неисправна вода за пиење. Недостасува дезинфекционо средство во најголем број на случаи, но има и микробилошки загадувања кои може да се опасни за населението доколку ја конзумираат водата“ напоменува Точков.

Од центарот инфомираат дека за овие анализи се алармирани инспекциските служби. Водите на охридското езеро вдолж брегот од Св.Нум до Радожда се исправни за спорт и рекреација, информираат од Центарот за јавно здравје.

„ Водата е од прва и втора класа. Нарушувањата од 2 класа се околу реките Коселска, Велгошка и Сатеска“, кажува Точков.

Водите од реките Коселска, Велгошка, Сатеска се од 2 до 4 класа. Билјанини извори во последните 3 месеци е со констатнтен кавлитет, напоменува Сашо Точков.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top