Не само што е дезинформација дека граѓаните ќе мора да примат меѓу 2 и 4 „лажни вакцини“, а во спротивно ќе загубат работно место, како што се тврди во постот, туку во Северна Македонија повеќе од половина од населението нема примено ниедна вакцина! Камоли две или четири. Во С. Македонија, никој не принудува никого да се вакцинира. Вакцината против ковид-19 е доброволна и се дава писмена согласност пред да се администрира на кого било во здравствените вакцинални пунктови. Теоретичарите на заговори, од почетокот на вакциналната кампања се насочени кон пласирање вакви и слични нелогичности и тези кои немаат втемеленост во реалноста. Наративот дека нов светски поредок сака да воведе доминација врз населението има за цел да се обесхрабрат граѓаните од вакцинацијата која спасува животи, спречува тежок тек на болеста предизвикана од коронавирусот и може да спречи појава на нови поопасни соеви.
Музиката и ритамот влијаат позитивно и врз мозочниот развој на детето. Одамна е докажано дека колку е порано со децата почне да се работи на формирање на музички вкусови и способности, толку по импресивен на крајот ќе биде резултатот.
Од понеделник ФТУ од Охрид започнува со уписите во првиот уписен рок, останува најатрактивен избор за студентите во југазападниот плански регион, со понуда од шест студиски програми. Слободни се повеќе од шестотини места.
Пожар избувна во поранешната охридска касарна „Михајло Апостолски“, попладнево околу 15 часот. Интервенираше територијалната противпожарна единица со 4 возила а во гаснењето помагаа и жителите на околните куќи.
Реформите во правосудниот систем се најзначајната област за која Македонија во изминатиов период трпеше критики од меѓународната и домашната јавност.
Привремениот градски пазар место каде граѓаните купуваат овошје и зеленчук ама и место каде си ги губат нервите. Посебно во понеделник кога е пазарен ден. Околу пазарот владее општ хаос. Тротоарите и коловозот се зафатени со земјоделски производи па не може да се помине, хигиената е на ниско ниво, а надлежните никаде ги нема.
Со измените во Законот за легализација на бесправни градби рокот за поднесување на документите повторно се пролонгира, овој пат до декември 2015 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град