Инвестирањето во патна инфаструктура значи инвестирање во безбедноста, времето, достапноста и економскиот развој на општината, истакна на денешната прес конференција, истакна на денешната прес конференција, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобар живот“ Митко Тилевски.
Струга отпочнува кампања против педофилијата. Носител, Невладината организација „Езерка“. Кампањата ја поддржуваат речиси сите релевантни институции во општината, како и народната избраничка во Советот на Р. Македонија, Лилјана Затуроска.
Најчест прекршок на кружните текови е непочитување на правото на првенство на минување. Тоа го говорат анализите на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од Охрид. Исто така на кружните текови не ретко се прават прекршоци за неправилно престројување, недавање првенство и неправилен влез и излез од кружната раскрсница.
Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција. Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на снимањето, меѓутоа се вршело тестирање на процедурата пред да биде навистина отворен за јавноста подоцна.
Во фокусот на денешната прес конференција на охридските социјалдемократи беше образованието. Кандидатот за советник од СДСМ, Ристе Николески истакна дека работат на подобрување на образовниот процес и во таа насока ќе понудат пакет мерки, а ќе работат и на создавање позитивна клима во која наставникот ќе биде мотивиран да даде повеќе, а ученикот да научи повеќе.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишниот С.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Кирил Пецаков, носителот на советничката листа на Вмро ДПмне и коалицијата За подобра Македонија упати неколку прашања и обвинувања до политичките противници од редовите на СДСМ. Прашањата и обвинувањата се однесуваат на Студенчишкото блато и функционирањето на месните заедници.
Реконструкција на двата градски плоштади, најави Митко Тилевски, кандидатот за градоначалник од Вмро Дпмне и Коалицијата За подобра Македонија. При тоа Тилевски рече дека неопходен чекор за создавање и одржување на растот и развојот на Охрид се квалитетни и препознатливи градби како и напредни услуги за граѓаните.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град