• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пецаков упати обвинувања до политичките противници од СДСМ за Студенчишко блато и функционирањето на месните заедници

Пецаков упати обвинувања до политичките противници од СДСМ за Студенчишко блато и функционирањето на месните заедници

Кирил Пецаков, носителот на советничката листа на Вмро ДПмне и коалицијата За подобра Македонија упати неколку прашања  и обвинувања до  политичките противници  од редовите на СДСМ.  Прашањата и обвинувањата се однесуваат на Студенчишкото блато  и функционирањето на месните  заедници. 

 |  Валентина Неловска  | 

Како СДСМ Охрид планира да ја прошири зоната на строга заштита на остатокот од Студенчишко Блато на цели 70 хектари и дали тоа ќе се прави со експропријација на земја од сопствениците, праша на денешната прес конференција Кирил Пецаков носителот на советничката листа на Вмро Дпмне и коалицијата За подобра Македонија. По која цена планираат во СДСМ да ја платат земјата која според најавите кои ги дадоа мора да биде одземена од сопствениците, праша Пецаков.
„ ВМРО-ДПМНЕ јавно ги прашува носителот на листата на СДС Константин Георгиевски и кандидатот Јован Стојаноски да одговорат пред целата охридска јавност, но посебно пред жителите на Рача и пред сите сопственици на имот околу заштитената зона на Студенчишко Блато. Колку земја ќе се одземе од луѓе кои живеат во Рача,  а кои земјата ја наследиле од своите дедовци и прадедовци, ја сочувале во нивните фамилии со векови во сите окупаторски власти кои го завојувале овој простор, за сега кандидатите на СДСМ да им ветат дека ќе им ја земат земјата за да прават ново блато, упати прашање Пецаков.

Целиот градежен шут од урнатата стара библиотека се донесе во Студенчишко блато и тука се депонира токму во време кога СДСМ владееше со градот Охрид во 2008 година, подвлече Пецков.

„ Дали двајцата тие знаат дека и асфалтниот пат на кој стоеше кандидатот за советник Константин Георгиевски е изграден на приватна земја? И дали знае дека сопственикот на земјата може согласно Закон да го огради просторот и патот да се затвори бидејќи минува низ приватна земја? И на крај дали се прашува Константин и Јован кој го изгради патот на таа приватна земја“?, праша Пецков.

Апелираме до Вас да престанете со паушални прес-конференции , непромислени ветувања како она дека секоја месна заедница ќе има од 500 000 до 1 милион денари на располагање, бидејќи за тоа нема законска основа. Апелираме да престанете да вршите девалвирање на јавно кажаниот збор со полнење на медиумите со лажни ветувања и вулгарни изрази пласирани во јавност, кажа на прес конференцијата Пецаков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top