На хуманитарна акција за собирање на средства за децата со попреченост во развојот од дневниот центар „Зраци“ кој функционира во Охрид, која викендот се одржа во кафе барот „Аквариус“ собрани се 27.671 денари.
Малиот процент на решени барања во втората фаза од примената на Законот за третман на бесправно изградени објекти е индикатор дека постапката за легализација во Охрид оди бавно. Во втората фаза од примена на Законот за третман на бесправно изградени објекти, Локалната самоуправа на Охрид одговорила само на 4% од доставените барања за легализација.
Според новиот закон за заштита и благосостојба на животните ако куче нападне два пати, веднаш ќе биде усмртено, а сопственикот ќе добие забрана да чува кучиња, пишува Дневник.
На ревијата „Направено во Македонија: Современ дизајн накитен со минатото”, најзабележителна колекцијата на модниот концепт РУМОР на охриѓаните Алек Бимбилоски и Лејла Гогова. РУМОР полека но сигурно излегува од националните рамки и станува интересен и на светските ревии.
Овој проект кој се реализираше како прекугранична соработка помеѓу Струга и Поградец траеше една година, а за негово спроведување се погрижи Локалната агенција за развој од Струга.
Водата во Струга матна и небезбедна за пиење. Од Центарот за јавно здравје велат таа да не се употребува се додека не се дадат официјални податоци дека е исправна и параметрите ги задоволуваат потребните стандарди. Причина за заматувањето се обилните дождови и дотраеноста на водоводната мрежа.
Граѓаните да се воздржат од постирање информации на социјалните мрежи за тоа каде планираат да ја поминат новогодишната ноќ. Тоа е добар извор на информации за крадците, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. Полициските службеници за време на празничните денови ќе бидат засилено на терен.
Обилниот дожд во Охрид поплави дел од улицата Васил Стефоски во Грашница. Поплавени беа и неколку улици во населбата Билјанини извори, а со вода беше покриена и улицата пред Заводот за кардиоваскуларни заболувања. Од ЈП „Нискоградба“ информираат дека за тоа е виновен краткотрајниот и обилен дожд.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град