Рецептот, збогатена гастрономска понуда и богата со содржини туристичка понуда со која се се зголемува анимацијата на гостите, но и малку поинаква целновна политика со која се привлекоа и македонските туристи.
Денес православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил. Бројни верници го посетија единствениот охридски храм во Кошишта посветен на овој светител. Св Архангел Михаил на многу охридски семејства е заштитник и домашна слава, а и именден на луѓето кои го носат неговото име.
Не е вистина дека симптомите од омикрон варијантата на коронавирусот се нусефекти од „отровна вакцина“. Вакцините не содржат отрови, тие се сигурни, ефикасни и развиени на безбедни платформи. Пред нивната апликација спроведени се низа тестирања од кои е утврдено дека бенефитот од вакцината далекусежно ги надминува несаканите ефекти. Омикрон сојот на коронавирусот е настанат со мутирање на вирусот при што се случува промена на спајк протеинот кој е сменет 32 пати. Ова ја прави омикрон варијантата позаразна, иако засега нема доволно информации да се каже со сигурност каква клиничка слика предизвикува.
На дел од улицата Вардар да се вратат скаличките бараат жителите од Кошишта. Жителите реагираат на промената на улицата по завршената изгрaдба на куќа во близина на цркватa СВ Архангел Михаил. Сопственикот не го исполнил ветувањето дека по завршување на градежните работи ќе ја врати уличката во првобитната состојба.
Согласно добиениот план за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2021/22 година, училиштата во Општина Охрид се целосно подготвени за започнување на наставата.
Период на превенција на овошките. Охридските земјоделци овој период кога паѓаат лисјата го користат за премачкување на стеблата на овошките со бакарни препарати. Тоа е најекономичниот начин за заштита на стеблото во зимскиот период кој на некој начин гарантира богат и здрав принос на пролет.
Во петок (24 ноември) од 20.00 часот ќе биде изведено четвртото шоу од третата сезона на популарната театарска импровизација Импровокација во добро познатата “ќерал” сцена на Народен Театар Охрид.
Иако се достапни стотина илјади апликации, на уредите доминираат апликации само од две компании
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град