Светски познатиот пијанист, македонецот Симон Трпчески, заедно со Софиската Филхармонија одржаа концерт во Софија, а со нивната одлична изведба ја воодушевија публиката.
Новата локална власт не се откажува од изработката на Стратегија за развој на туризмот која треба да ја изработи Свис Контакт. Таа треба да е формален документ од кој ќе произлегува развојната програма за туризам. Со изготвувањето на стратегијата се доцни иако според најавите требаше да биде готова до јануари 2016, а да ја изработи швјцарската агенција за соработка заедно со домашни туристички субјекти.
Во втората половина од декември ќе почне проект наменет за повозрасните охриѓани и стружани за кој се погрижи Локалната Агенција за Развој од Струга. Нашите сограѓаните над 60 годишна возраст кои се осамени ќе имаат можност да се дружат и да го подобрат квалитетот на животoт. Се предвидуваат бесплатни психофизички вежби, здравствени предавања, подготовка на здрава храна како и добивање знаења од областа на правото.
Проектот е темелен на интелектуалното наследство на нобеловецот Иво Андриќ
Се подобруваат условите за развој на спортот во градов. Деновиве на СРЦ „Билјаноини извори“ се реновираат соблекувалните и санитарните јазли. Со тоа се добива еден комплетно уреден дел на градскиот стадион, вели директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.
Милиони луѓе ширум Азија ноќеска, со спектакуларен огномет, ја пречекаа кинеската година на овците, а оние кои остаа дома имаа можност да го набљудуваат преку директната свечена телевизиска програма.
Уапсени две лица во врска со вчерашната престрелка на булевар Туристичка во која едно лице беше повредено. Полицијата трага по извршителот на обидот за убиство.
Првиот Светски ден на Даунов синдром е одржан на 21 март 2006 година.
Жители од УЗ Стар град бараат да се отстранат високите дрва од дворот на катедралната црква Св. Софија. Порачуваат додека не е доцна да се засадат нискостеблести дрвца и да не се повтори истата грешка од пред две години кога се исекоа високи дрва кои беа опасни за минувачите. Од Урбаната заедница бараат за хортикултурното уредување во дворот на црквата да се консултираат стручни лица.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град