Охриѓани од дното на Охридското езеро ја упатија новогодишната честитка. По втор пат таа е посветена на децата со ретки болести. Традицијата на поставување и китење елка во водите на езерото продолжува по 16 -ти пат.
Никако да се склопат коцките од мозаикот за одржување на судското рочиште за случајот Пливалиште. И денес, како и пред нецел месец, претресот е одложен, поради отсуство на вештакот Милан Чундев и на дел од бранителите на обвинетите.
Заштитата на децата во медиумското претставување е тема за која што во последно време многу се зборува. Потребно е да има пропишани стандарди на кои ќе се повикаат новинарите при пишувањето на стории од оваа област. Точно на тоа се работи деновиве во Охрид, односно претставниците на медиумите од Македонија, детската амбасада Меѓаши, изготвуваат Кодекс за известување на случаи каде што децата се жртви, сведоци или сторители на насилство.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.К.(40) од Струга.
Гимназијалците со полна пареа го подготвуваат настанот на годината. Предновогодишниот концерт кој оваа година е наречен Филмовиозија на охриѓани ќе им овозможи двочасовно максимално уживање во нумерите од дваесеттина познати филмови, но и во кореографии во изведба на учениците. Концертот има хуманитарен карактер.
Ковид болницата во Охрид е делумно оптоварена со пациенти, ова е оценката на здравствените власти. Првиот човек на Општа болница моменталната состојба во здравствената установа ја оценува како стабилна. Хоспитализирани се 37 пациенти од кои 8 се вакцинирани против Ковид 19.
Поради нефункционирање на лифт, станарка од социјалната зграда штрајкува пред охридската подружница на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.
Во комплексот Кам Вилиџ отворен хотел. Хотелскиот објект е со 4 ѕвезди и располага со 39 соби. Во рамките на комплексот работи и ресторан со прилагодени цени за семејни ручеци и вечери.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град