Благодарејќи на имунизацијата многу заразни болести кои во минатото претставувале значаен јавно-здрaвствен проблем затоа што предизвикувале висок морбидитет, односно морталитет кај децата и возрасните, или предизвикувале компликации и инвалидитет, денес се елиминирани или ставени под контрола, сведени на поединечни случаи без смртен исход и трајни последици. Вакцините помагаат да се стават под контрола преку 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други кои без вакцините би биле смртоносни за многу луѓе ширум светот. Податоците на СЗО велат дека вакцинирањето спречува два до три милиони смртни случаи од болести во светот секоја година.
Нешто повеќе од една милијарда денари тежи буџетот на Општина Охрид за нареднава година. Експертите очекуваат дека ваквиот буџет треба околу 90% да биде реализиран и во најголем дел да бидат задоволени потребите на граѓаните.
Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“, од денеска до понеделник во Трпејца по четврти пат ќе се одржи Уметничката колонија.
Бојкот на наставата најавуваат родители на ученици од ОУ Св. Климент Охридски. Тие бараат две одделенски учителки и школскиот логопед и дефектолог на кои им истекува договорот за дело и понатаму да се задржат на работа. Се повикуваат на нивната стручност и професионалност и нагласуваат да не се игра со емоциите на децата за сметка на други интереси.
Отворен нов етно ресторан. Синоќа во атарот на селото Куратица отпочна со работа „Дедо Димо“. Традицијата на селото за рзвој на руралниот туризам ја продолжува Горан Ангелоски кој очекува дека ова место ќе прерасне во една успешна фамилијарна приказна.
Не се почитува една од најконкретните придобивки на Европската унија?
Локални ѕвезди ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на новата година на градскиот плоштад. Заради краткиот период и ограничените финансиски средства со кои располага општината за тековната 2017та организиран е еден скромен дочек, вели градоначалникот Јован Стојаноски.Новина оваа година е тоа што локалната самоуправа го започна проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој започна од 20-ти декември 2017 до 20-ти јануари 2018 година.
Пролетта во нашата земја и на северната хемисфера почнува денеска во 23 часот и 45 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Организиран пред новогодишен базар во основното училиште „Григор Прличев“. Учениците продаваа новогодишни декорации ,а собраните средства ќе бидат наменети за набавка на технички и надгледни средства за училиштето.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град