Охридското село Куратица се подготвува за традиционалниот Василичарски карневал. Годинава овој карневал бележи две децении од своето постоење. Низ годиниве курајчкиот карневал успеал да стане препознатлив бренд во земјава велат организаторите.
Бизнисмен од Радолишта планира да ја купи старата зграда на МЈП „Проаква“ во Струга. На тоа мeсто ќе никне атрактивен објект, најави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Доделени стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците. Денес е објавен конкурсот и за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2017/2018 година.
Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.
Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека се преземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од ова заболување бидејќи се очекува кон крајот на јануари и почетокот на февруари бројката значително да се зголеми.
Шаховскиот клуб „Ласкер“ Охрид одбележува јубилеј-10 години од своето постоење. Низ шаховската школа на овој клуб поминале над 200 деца кои покрај тоа што со учење на техниките на оваа игра го граделе својот карактер учествувале на бројни турнири на кои редовно се помеѓу најдобрите.
Ретко кој граѓанин пали возило за градежниот отпад да го одложи на депонијата Буково. Продолжуваат старите навики од шутот да се ослободуваат растоварајќи го покрај патиштата. И понатака градежниот отпад се фрла во националниот парк Галичица, покрај патот кој води кон селото Велестово.
Охридските пожарникари за една недела интервенирале 5 пати. Гаселе запалени оџаци кои поминале без голема материјална штета. Пожарникарите апелираат граѓаните редовно да ги проверуваат и чистат оџаците, но и да внимаваат на грејните тела како ги оставаат да работат, посебно кога не се дома.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град