Градоначалникот Константин Георгиески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска на пригоден настан официјално ја пуштија во употреба комплетно реконстуираната улица „Абас Емин“.
Денес е Водопост ден пред празникот Богојавление. Првославната Црква ги прави подготовките за утрешното осветување на водата. Досега се пријавиле над 300 верници кои ќе скокаат во водите на езерото по светиот крст.
Програмата за развој и поттикнување на туризмот на Секторот за туризам и локален економски развој во оваа година тежи 12 милиони денари. Со овие пари предвидени се проекти кои ќе донесат поголем број гости годинава како и изработка на Стратегија за развој на туризмот на општина Охрид.
Звучи како научна фантастика но за слушање музика нема да има потреба од ушите
Потребно е формирање на Министерство за иселеништво затоа што процесот на иселување од Македонија кој започна на почетокот на минатиот век нема да запре, сметаат универзитетски професори. Засега во владата ќе се формира меѓуресорна група на министерствата за надворешни и внатрешни работи за прашањата поврзани со потребите на иселениците. Дијаспората е тема на меѓународната конференција „Охрид Водици 2018 година“ која се одржува во Охрид.
Македонскиот претставник на Евровизија, Даниел Kајмакоски не успеа да се пласира во евровизиското финале.
За зголемување на бројот на туристите на охридско- струшката ривиера хотелиерите очекуваат поддршка од Локалната самоуправа. Нивните барања ги доставиле до владата и охридскиот градоначалник. Со локалната самоуправа договориле заеднички настап на Белградскиот туристички саем кој треба да се одржи во февруари.
Државната Изборна Комисија го заклучи избирачкиот список за претседателските избори, пренесува „Алфа“.
Охридскиот Ротари клуб донираше нов клима уред на детското одделение во Општа болница. Покрај новото греење ги поправија и старите клима уреди. Ротари клубот, постојано, настојува да ги подобрува условите за лекување на најмладите пациенти.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град