Повторно ни избега финалето на Евросонгот

Македонскиот претставник на Евровизија, Даниел Kајмакоски не успеа да се пласира во евровизиското финале.

daniel kajmakovski

Македонскиот претставник на Евровизија, Даниел Kајмакоски не успеа да се пласира во евровизиското финале.

daniel kajmakoskiИ покрај тоа што Кајмакоски имаше одличен настап и беше еден од омилените учесници на Евровизија, сепак изгледа тоа не беше доволно за Македонија да обезбеди пласман за големото финале.

Кајмакоски на првата полуфинална вечер во Австрија настапи под реден број 8, а Македонија ја претстави со песната „Лисја есенски“ испеана на англиски јазик.

Десетте композиции, од вкупно 16-те кои бе изведени во првата полуфинална вечер, што се пласираа во финалето доаѓаат од Албанија, Ерменија, Русија, Романија, Унгарија, Грција, Естонија, Грузија, Србија и Белгија.
Ова е трета година како Македонија настапува само во полуфиналето на овој европски фестивал, односно последен пласман во финалето за Македонија обезбеди Калиопи.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top