Охрид ќе организира гастро тура. Врвни европски готвачи со мишелин ѕвезди ќе дојдат во градов за да ги збогатат мениата во угостителските објекти. Исклучиво ќе се користат домашни производи , а јадењета кои ќе се готват ќе бидат прилагодени на вкусовите на гостите.
Младиот охриѓанец Марко Пејчиноски успешно го заврши и новиот подвиг на релација Охрид до Струга и назад до Охрид.
Голем пожар избувна попладнево во куќа во Месокастро, во центарот на Охрид. Едно лице е повредено и задржано во општа болница. Пожарот за брзо време се прошири и на соседната куќа. Против пожарната единица со три возила и целиот човечки кадар се бореше со огнената стихија за да се спречи поголема катастрофа.
Општините се важен столб на патот кон Европската Унија и потребно е да се обезбеди координиран настап за поголема искористеност на европските пари, истакна Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешниот состанок на Југозападниот плански регион. Минатата година деветте општини опфатени во регионот искористиле мал процент од расположивите средства од Европската Унија.
Иако Apple важи за систем кој тешко може да се зарази со malware сепак се случи токму тоа
Расте бројот на заболени од грип. Очекувано со почетокот на второто полугодие во училиштата расте и бројот на заразени од грип.Епидемиолозите советуваат пациентите да не се лекуваат на своја рака туку обавезно да посетат матичен лекар кој ќе им препиши соодветна терапија. Сеуште не се знае точно за кој тип на грип станува збор.
Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“, од 4 до 7 овој месец се презентира на Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржува во чешкиот град Острава.
Денес истече рокот на Владата за поднесување извештај по преземените препораки од Мониторинг комисијата на Унеско. Владата побарала пролонгирање на рокот заради политчките случувања во земјава. Неформалнатa прaтеничка група „ Пријатели на Охрид“ информираат дека во меѓувреме се стопирани проектите кои го загрозувале статусот на Охрид како град под заштита на Унеско. Од НВО ФРонт 21 /41 обвинуваат дека владата потфрлила.
По неколку месечна забрана отворен, патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево, за сообраќај на сите возила.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град