• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Истече рокот на Владата за поднесување извештај по преземените препораки од Мониторинг комисијата на Унеско

Истече рокот на Владата за поднесување извештај по преземените препораки од Мониторинг комисијата на Унеско

Денес истече рокот на Владата за поднесување извештај по преземените препораки од Мониторинг комисијата на Унеско. Владата побарала пролонгирање на рокот заради политчките случувања во земјава. Неформалнатa прaтеничка група „ Пријатели на Охрид“ информираат дека во меѓувреме се стопирани проектите кои го загрозувале статусот на Охрид како град под заштита на Унеско. Од НВО ФРонт 21 /41 обвинуваат дека владата потфрлила.

 |  Валентина Неловска  | 

Истече рокот за владата даден од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за да поднесе извештај за напредокот во имплементацијата на препораките дадени во јуни мината година во Краков. До 1 февруари земјава требаше да постапи по препоркаите за да не се дозволи единственото заштитено добро под УНЕСКО да се стави на листата на Светско наследство во опасност што би можело да води до целосно бришење од листата на УНЕСКО. Меѓу препораките на реактивната мониторинг мисија беше трајно отфлање на планот за ски центар и експресен пат А3 во Националниот парк Галичица.
Земјава побарала од Комитетот на УНЕСКО административно одложување од неколку дена за доставување на извештајот. Како причина се наведени политичките случувања во земјава од јуни минатата година кој оневозможиле земјата и нејзините институции да постапуваат по препораките.

„ Извештајот е речиси готов треба да помине низ финални проверки на податоците во соодветните служби на надлежните министерства и други државни органи, како и да се преведе на англиски јазик. Македонија во овој период презеде голем број активности за адресирање на забелешките и препораките на Комитетот на УНЕСКО дадени во Краков и очекуваме позитивен и охрабрувачки извештај. Од УНЕСКО ќе побараме препораки и по други важни прашања за заштитата на културното и природното наследство во Охрид, што е наш врвен приоритет, информира Петрит Сарачини, специјален советник во Министерството за Култура.

Пратеникот Томислав Тунтев, член на неформалната пратеничка група „Пријатели на Охрид под Унеско“, посочува дека ги следат случувањата. Вели дека владата постапила по нивните препораки од јуни мината година за запирање на сите штетни проекти причина за загрозување на Унеско статусот на Охрид.

„ Проектите кои беа причина за да дојде до извештајот на Реактивната мисија и ревизија на се она што значи загрозување на културното природно наследство се стопирани и се предмет на ревизија и ќе се составен дел од извештајот“, подвлекува Тунтев.

Александра Бујароска, од НВО Фронт 21/41 , кажува дека има одреден прогрес, но нема ништо конкретно презмено по препораките за мораториум на градбите.

“Во контекс на ова барање нашата Влада и Собранието потфрлија. Сеуште не е донесена никава одлука за мораторум на штетните проекти кои беа предмет на анализа од страна на Унеско и не се почнати постапки за планови и управување со Охридскиот регион“, посочува Бујароска.

Препораките и забелешките уследија одкако Комитетот за светско наследство на последната 40 седница која се одржа во јуни 2016 во Истанбул, изрази загриженост за влијанието на планираните инфраструктурни проекти , експресниот пат Охрид – Свети Наум, ски-центарот на Галичица и туристичите развојни зони Љубаништа, Отешево и Стење врз статусот на охридскиот регион во УНЕСКО. Претставници на мониторинг комисијата дојдоа во работна посета на Охрид извршија увид на терен и се сретнаа со владини и невладини претставници. Новите препораки уследија и на 41-та сесија на Комитетот за светско наследство одржана во Краков, Полска во јуни 2017.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top