Несоодветно оградените и незаштитени градежни парцели во градов се потенцијална опасност за минувачите. Такви места има неколку во градов. Според информациите од Локалната самоуправа, досега градежниот инспекторат, инвеститорите само ги опоменувал.
Т-Мобиле ги извести своите корисници да не враќаат на повиците и смс пораките од броеви што почнуваат со префиксите +88, +22, +21 и +29. Според најголемиот мобилен оператор, се работи за измама односно т.н. спам, па доколку се повика бројот може да се очекува значително повисока сметка.
Се менува навиката за селектирање на отпад кај охриѓани. Во специјално поставените садови во разни делови од градот досега најмногу се селектира хартија, а најмалку стакло. Се размислува за поставување на нова линија за секундарна селекција.
Продажбата на вториот објект од МЈП „Проаква“ Струга, не помина кај струшките советници. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека на местото каде што сега се наоѓа една стара руинирана зграда на работна единица „Водовод и канализација, треба да никне нов современ бизнис капацитет кој ќе донесе нови инвестиции во градот.
Локалната нема да ги толерира угостителите кои поставуваат столици и маси на јавни површини без одобрение за поставување урбана опрема. Додека не добијат соодветно одобрение не смеат да узурпираат јавна површина. Велат за прекршителите ќе следуваат санкции. Охрид мора да заличи на вистински туристички центар.
Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо пред натпреварот на Африканскиот куп на нации во Камерун, пишува Би-Би-Си.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Охрид имаше билатерална средба неговиот колега од Албанија, Нико Пелеши. На состанокот беа отворени сите прашања во делот на трговската размена помеѓу двете земји, можноста за зголемување на меѓусебната трговија, системот на следливост на млечни и месни производи, како и мерките за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското езеро.
Општина Охрид објавува Ликовен и Литературен конкурс во соработка со охридските основни училишта.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град