„Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“. Вака е насловена седматa годишна истражувачка конференција на Народната банка на Република Македонија која се одржува во Охрид .
НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на Германија организира Фестивал на новиот германски филм.
Во владината, „Вила Билјана“ во Охрид денес шефовите на македонската и на грчката дипломатија Никола Димитров и Никос Коѕијас ја реализираа новата рунда на преговори околу надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија. Шефовите на дипломатиите се согласија дека добро соработуваат, дека ги разбираат разликите и потребите на другиот, но и дека и натаму има тешки прашања, разлики, за кои ќе разговараат на идните средби. Првата таква средба веќе е закажана за 3 и 4 мај во Солун.
Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорги во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево.
Во охридската чаршија утрово е исечено зимзелено дрво. Комисијата за сечење дрва и овој пат констатирала труло стебло и дала одобрение за сечење. Јавноста се прашува дали продолжува сечата на садниците кај Летница за да се подготви терен за подигање на уште еден кат на комплексот.
Му се исполни сонот на Димитрија Ашталкоски од Струга. Тој е чесниот фаќач на светиот крст во Струга. Годинава осветувањето на водите на реката Ц. Дрим беше во организација на кумовите Перо Петкоски и Ѓоко Илоски.
Во Охрид за време на продолжениот празничен викенд се случиле четири тешки кражби и тоа две во станови, една во маркет и една во автомобил. Празниците секогаш се убава можност за крадците да оперираат. Затоа се препорачува граѓаните да бидат повнимателни, а службите побудни.
Општините Дебрца и Вевчани имаат бројни развојни проекти но не можат сами да ги финансираат проектите. При користењето на средства од програмите на ЕУ и националната програма за рурален развој се условени со плаќање на даноци кои не можат да си ги дозволат. Се соочуват и со долги постапки при изработка на урбанистички планови и при пренамената на земјодлското во градежното земјиште.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град