На почетокот од летото ќе се одржи Фестивалот на охридската черешна. Во екот на бербата во туристички цели ќе се промовира цреша. Домашните и странските гости ќе може да вкусат плодови од црешни и различни специјалитети подговени од ова овошје. Охридските црешни „црна“ и „долгашишка“ станаа заштитен бренд овошје со географско потекло.
Од СВР Охрид ги известуваат граѓаните дека во периодот од сабота, 11-ти до среда, 15-ти септември 2021 година, на просторот кај езерската полиција во Охрид, тактички вежбовни активности, ќе имаат припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ (САЕ „Тигар“).
Дел од инвеститорите на градежните објекти во Охрид не ретко се случува да забораваат да обезбедат сообраќаен проект. Оваа дозвола е повеќе од потребна посебно за стариот дел на градот, од каде мештаните веќе почнаа да укажуваат дека деновиве тешка механизација влегува во ова заштитено подрачје и предизвикува хаос во сообраќајот, посебно пред Горна Порта.
ЗУПМ „Музика Сега“ повторно јавно се обраќа до Владата барајќи олабавување на мерките за музичарите, да нема дискриминација во било кој сегмент на нивниот колегиум и конечно после 15 месеци да можат да отпочнат со работа сите музичари.
Од наредниов месец двокатниот автобус повторно ќе биде ставен во функција. Тој една година не беше во возна состојба поради хулиганското однесување на несовесни граѓани кои целосно го демолираа. ЈП „Билјанини извори“ плати 100 000 ден за негова поправка.
Координативното тело на општина Дебрца, формирано со цел да се спречи изградбата на регионална депонија во с. Годивје, утре на прес конференција ќе соопшти детали за најавениот протест закажан за во недела.
Сахара Групацијата најави дека првичните подготовки за реконструкција на хотелот “Славија” завршија, а градежните работи ќе започнат до крајот на месецов.
Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот за 2018 година, Општина Охрид објави јавен повик за промоција на физички лица кои вршат угостителска дејност, односно приватни станоиздавачи и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град