Охрид ќе добие уште еден луксузен хотел на својата ривиера

Сахара Групацијата најави дека првичните подготовки за реконструкција на хотелот “Славија” завршија, а градежните работи ќе започнат до крајот на месецов.

investitori

Сахара Групацијата најави дека првичните подготовки за реконструкција на хотелот “Славија” завршија, а градежните работи ќе започнат до крајот на месецов. Со ова, Групацијата покажа дека сè уште се активни и оперативни во Македонија, преку инвестирање во туристичко – угостителскиот сектор. Истовремено, тие најавија и нови вработувања.

“Сахара Групацијата е посветена кон своите инвестиции во Република Македонија, иако не беше во можност да ги оствари своите заложби во земјоделскиот сектор. Моментално се фокусираме кон туризмот и угостителството. Сахара моментално е поддржана преку своите канцеларии и оперативност во Скопје и Охрид, каде тим од 10 луѓе работи и наскоро ќе започне со регрутација на повеќе лица за своите бизнис активности”, е наведено во официјалното соопштение од компанијата, кое најави нов период исполнет со активности за канцелариите на Сахара Групацијата во Македонија.

slavijaХотелот “Славија” не е во функција повеќе години. Некогаш солиден и репрезентативен хотел за туристите, во текот на годините, ниеден од сопствениците не инвестираше во хотелот, со цел да го претвори во модерна и атрактивна градба на самата плажа на Охридското Езеро. Се досега. Сахара Групацијата најави дека веќе се ангажирани архитекти и дизајнери на ентериер, од Македонија, но и од тимот на дизајнери во Индија. Нивната задача е да го претворат стариот хотел со комунистички изглед во модерно ремек-дело, соодветно за секој кој сака да ужива во деновите поминати во Охрид. Договорите со изведувачите се веќе подготвени и потпишани, а официјалниот старт на градежните зафати се очекува во наредните седмици, со цел хотелот да биде подготвен за следната туристичка сезона.

Сахара планира да ги промовира хотелските капацитети за најразлични настани, од конференции до прослави.

“Сахара во секој момент ќе започне со реновирање и реконструкција на хотелот “Славија” во Охрид, кој беше купен во 2013 година. Проширувањето и реновирањето ќе биде изведено според планот на група архитекти и дизајнери на ентериер од Македонија, со поддршка на тимот за ентериер на Сахара од Мумбаи, Индија. Хотелот е дизајниран да биде првокласна туристичка дестинација, како и совршено место за светски конференции, корпоративни настани и венчавки”, изјави претставник на компанијата.

Како доказ дека Сахара Групацијата е посветена кон развој на инвестицијата, говори фактот дека Сушанто Рој го посети хотелот изминатово лето, со цел да го провери напредокот на подготовките за реновирање да се запознае со изведувачите. Во кратка изјава, Рој го искажа своето задоволство за првите, но цврсти чекори на овој проект во Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top