Општинската администрација заедно со јавните претпријатија викендов чистеше на делови од подрачјето на општина Охрид.
Јупитер, Венера и Марс оваа недела ќе формираат спектакуларна глетка на небото, што ќе се повтори дури во 2021 година.
Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст- Охрид го организира традиционалниот, 47ми по ред, Општински натпревар. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ги покажаа повеќе од 250 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебарца, организирани во екипи во категорија подмладок и категорија младина.
Со показна вежба одбележан денот на полицијата. Специјалните полициски единици спасуваа нападнат брод во Охридското езеро. Вежбата предизвика интерес и преставуваше атракција и за охриѓани и за гостите во градов.
Вработените во државата во февруари во просек заработувале по 20.941 денар, односно 340 евра.
Mакедонската Таеквондо ИТФ експедиција се врати со 2 бронзени медали од Европското првенство во Талин, Естонија. Нашите борци предводени од врвниот тренер Маријанчо Лазарески успеаа да се искачат на Европскиот пиедестал во овој спорт, но и достојно да ја претстават нашата држава.
Заштита на жената во сите сфери на животот, како мајка, домаќинка и стопанственик. Кон ова се стремат од „Езерка“, кои денес одржаа трибина, со цел на жените од Струга да им го приближат концептот и реализација на иницијативата „Женски суд“, поточно ширење на свеста за родовиот аспект на транзициската правда во Македонија, како и зачувување на мирот и безбедноста на балканските простори.
Градоначалникот , Јован Стојаноски заедно со дел од соработниците денес оствари работна средба со претставници од најпознатата компанија за прочистување води „Данбар“ од Израел.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град