Деновиве надлежните екипи ја санираа, односно пополнија со асфалт големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“. Оваа дупка претставуваше опасност за возачите, а голем број од граѓаните се пожалија дека ги искршиле своите автомобили.
Почитувани сограѓани и припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија,
Прославувањето на Националниот ден на Власите како празник, претставува симбол за почит кон Влашката култура и Влашкото малцинство што живее на овие простори.- стои во честитката на градоначалникот, Јован Стојаноски.
Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Елена Мошуц, светската оперска дива ќе го отвори 58то издание на Фестивалот Охридско лето. Со настапот на Мошуц продолжува традицијата најголемите светски ѕвезди да настапат на отварањето ма овој реномиран фестивал. Селекторите кажаа дека со понудената програма и ексклузивните уметници, Охрид ова лето ќе стане вистинска културна метропола.
Кучињата скитници се повеќе ги има низ охридските улици, но дали тие стануваат и се поагресивни? Расте бројот на пациенти кои примаат вакцина против беснило поради каснување од улично куче, откриваат од Центарот за јавно здравје. Докторите укажуваат на последиците од каснувањето на куче, но и од вакцината која се прима против беснило.
Во четврток на 12-ти ноември 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведен поетскиот проект „Парче душа“ од Љупчо Тодоровски-Упа, во музичка придружба на Фредерик Деларуа.
Влезот на Охрид од северозападната страна и покрај ветувањата сеуште не е уреден. Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека тендерот кој бил распишан за систем за наводнување на овој простор, пропаднал. Ќе се распишува нов тендер, па уредувањето ќе сепролонгира до наредната туристичка сезона.
Авионот во еден потег ќе прелета една третина од кругот околу земјата
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град