Француската специјална полиција која од изутрината во предградието Сен Дени е во акција по осомничени за нападите на 13 ноември во Париз кога загинаа 129 луѓе, а 350 беа повредени соопшти, како што јави новинската агенција Франс прес, дека загинале две лица, вклучувајќи и една жена која се самоубила со активирање бомба.
Во Велгошка река е забележана појава на пена од непознато потекло. Жителите од околните куќи се загрижени. Бараат надлежните да утврдат за што станува збор и дали таа појава е опасна за луѓето и природата, затоа што според велгоштани, дел од месното население водата ја користи за наводнување.
Погрешен статус на Facebook е една од чудните причини за разделба на брачните сопатници
Преку музика и изучување на германскиот јазик до зближување на децата од Македонија, Албанија и Косово. Ученици од три партнерски училишта на Гете Институтот одржаа летен камп во Охрид. Од нашиот град партнер училиште е Григор Прличев каде што се одржуваа работилниците.
Министерството за здравство ги информира родителите дека потврдите за упис на децата во предучилишни и училишни установи може да ги обезбедат бесплатно во здравствениот дом на место на живеење.
На градскиот плоштад „Чинар“, вечерва, градоначалникот Јован Стојаноски, по повод празникот Рамазан Бајрам, за граѓаните од муслиманска вероисповед, приреди ифтарска вечера.
Промоција на спомен собата на Др Незлобински во Струга, по повод одбележувањето на 85 години од основањето на музејот. На отварањето беше присутна и Министерката за култура Елизбета Канческа Милеска, која заедно со директорот на Музејот Др Сашо Цветкоски зборуваа за значењето на оваа музејска поставка, како и за др Никола Незлобински и неговите почетоци на музејската дејност во Струга.
Општина Охрид активно учествуваше во работата на петтиот глобален состанок на официјалните делегации на Европската мрежа на езера, како и деветтото издание на Фестивалот на езерата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град