Завршна манифестација на летниот камп организиран од Гете институт

Преку музика и изучување на германскиот јазик до зближување на децата од Македонија, Албанија и Косово. Ученици од три партнерски училишта на Гете Институтот одржаа летен камп во Охрид. Од нашиот град партнер училиште е Григор Прличев каде што се одржуваа работилниците.

 |   | 

33 деца од Македонија, Албанија и Косово кои го изучуваат германскиот јазик во партнерски училишта поддржани од Гете институтот престојуваа на летен камп во Охрид.  Во ОУ „Григор Прличев“ децата одржуваа по 8 наставни часа , вежбаа и ги усовршуваа своите јазични и музички способности.

На работилниците работеа сите заедно. Целта беше мулти култи, зближување помеѓу децата од трите земји и нормално акцент ставивме на тоа дека музиката ги спојува учениците и учењето на Германски јазик преку музика е многу полесно и поинтересно “ -вели Ивана Маховска, наставник по Германски јазик ОУ „Григор Прличев“.

Финалниот резултат од работилниците, учесниците на кампот го претставија пред охриѓани преку завршна манифестација. На новиот сценски простор на малиот плоштад кај ТЦ Амам, учениците се претставија со неколку музички точки. Програмата на летниот камп треба да поттикне младинска размена и создавање на меѓународна заедница за учење на германскиот јазик, што е цел на Гете институтот.

Гете институтот вложува многу во образованието  бидејќи една од активностите и мисијата на институтот е да ја зголеми мотивацијата кај учениците за изучување на германскиот јазик како и да го подигне квалитетот на наставата по германски јазик. Затоа и организираме вакви настани.- изјави Гордана Вугерт Бабовска, Референт за соработка во образование „Гете институт“ – Скопје.

Германскиот јазик е втор странски јазик кој што се изучува во училиштата во Македонија. Според официјалните податоци од Заводот за статистика секоја година интересот за изучување на овој јазик е се поголем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top