Бројот на новозаболени од рак на кожата годишно се зголемува за 2,5 проценти побрзо од кој било друг вид на рак, но самоконтролата и едукацијата на пациентите може да помогне во раното откривање на меланомот, предупредуваат дерматовенеролозите.
Уметноста нема да се предаде.Таа е последната хумана интернационала а Охрид е нејзиното пристаниште. Со овие зборови на уметниците упатени од сцената на Античкиот театар започна Охридско лето. Публиката уживаше во најубавите италијански арии а Оперската певица Мошук ја изведе и песната „Македонско девојче“ на огромно задоволство на публиката. Годинава свеченото отворање беше означено и со огномет .
Заедничкиот кандидат за градоначалник на Струга, д-р Владо Кочоски, оддржа прес конференција пред најголемата руина во општината, затворениот пливачки базен. Тој вети негова реконструкција, како би можело да се врати пливањето преку цела година во градот, а не само во лето.
Потпишан Договор за пријателство и соработка меѓу Охрид и Мостар. Договорени се повеќе области за соработка со кои ќе се јакне пријателството, културата, спортот , туристичките и други општествени врски. Меѓу нив се заедничкиот пристап до европските фондови за проекти за енергетска ефикасност.
Портал „ТВМ“ (www.tvm.mk) го објавува ценовникот за платено политичко рекламирање за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на град Скопје за 2021 година.
Со концертот на Масимо Савиќ утре стартува и официјално лето 2018. Со проектот Бела ноќ се ветува забава и музика за сите со гостување на светски диџеи и познати музички имиња. Охрид и ова лето е посакувана дестинација на која се бара врвна забава, а за која се погрижија Авалон продукција и ЛС. Тие упатуваат апел граѓаните да имаат разбирање за бучавоста и раздвиженоста во градот.
Важната победа над Пролет за охридските ракометари е веќе зад нив. Полни со самодоверба се насочуваат кон утрешната куп пресметка со Струга. Езерското дерби секогаш носи емоционален набој помеѓу играчите на двата клуба а охриѓани се надеваат дека ќе ја оправдаат улогата на благи фаворити.
Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за 1 час во одредени денови од овој и наредниот месец. Зa време на Белата ноќ работното време се зголемува за два часа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град