Билјана Митреска ни испрати слики за рубриката „Ти си твојот град“ на кои се гледаат паднати кабли низ повеќе делови на Охрид.
Билјана Митреска ни испрати слики за рубриката „Ти си твојот град“ на кои се гледаат паднати кабли низ повеќе делови на Охрид. Еве го нејзиниот коментар:
Паднати кабли низ цел град. Чии се? На ЕВН, Телеком, кабелските оператори….. Ви испраќам слики од ул.„Даме Груев” (Карабего маала) каде каблите се паднати толку ниско што можат да се фатат со рака, а еден дури е скинат и лежи на тротоарот. Другите слики се од ул.„Богомилска”, на место каде постојано си играат деца.Овој проблем не е само на овие две локации, туку низ цел град – вели Митреска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град