Нефункционална атмосферската канализација на ул. Васил Стефоски

После секој дожд, жителите на дел од ул. Васил Стефоски во Охрид имаат голем проблем со дождовната вода поради нефункционална атмосферска канализација.

 |   | 

Наши сограѓани за рубриката „Ти си твојот град“ велат дека овој проблем со нефункционалноста на атмосферската канализација трае долги години. Апелираат до надлежните да го решат проблемот бидејќи ова е навистина лоша слика за туристите кои го посетуваат овој дел од градот, а ги има во голем број. Еве го нивниот коментар:

Затната повеќе години атмосферската канализација на ул. Васил Стефоски. Иако сме во екот на туристичката сезона, а овој дел на градот е преполн со туристи, надлежните јавни претпријатија сеуште не преземаат ништо за да го решат проблемот. После секој дожд, на улицата има голема количина на дождовна вода и канализација. Каква слика им оставаме на туристите?! 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top