Откако во рубриката „Ти си твојот град“ беше објавено дека по извршени интервенции од Јавни претпријатија, улицата Богомилска не е вратена во првобитна состојба, сега овој проблем е саниран, односно деновиве беа асфалтирани сите дупки на оваа улица.
По добиените слики од наш сограѓанин во рубриката „Ти си твојот град” информативната редакција на ТВМ ги контактираше надлежните служби за решавање на овој проблем. Ни беше посочено дека фирмата која е задолжена за санирање на улиците е од Мала Речица и затоа доцнат со обврските.
Денес, наш гледач ни испрати слики дека дупките на улицата „Богомилска” се асфалтирани.