Граѓаните преку „Ти си твојот град“ реагираат на преполни контејнери со отпад во туристички Охрид во екот на сезоната.
Жителка на позната населба во Охрид испрати фотографија од преполни контејнери со отпад. Ова е нејзиниот коментар:
–Сите се грижиме за чиста и уредена околина на Охрид. Се трудиме да правиме селекција на отпад, стакло и пластика. Барем за тоа имаме контејнери за да го селектираме стаклото и пластиката. Апел до компаниите кои се задолжени за сервисирање на контејнерите, барем во летниот период да го прават тоа почесто, барем еднаш неделно.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град