Новиот изглед на улицата 15-ти Корпус е едно убаво освежување за возачите и пешаците кои се движат во овој дел од Охрид.
Улицата 15-ти Корпус блесна во ново руво, а оваа голема промена им се допадна на Охриѓани и жителите на околните места кои секојдневно се движат по оваа улица.
-Улицата важи за една од најпрометните улици, бидејќи се наоѓа на излезот на Охрид и го поврзува градот со повеќе урбани средини. Новиот асфалт, проширување на бројот на ленти, патоказите и пополнетите дупки се навистина добро освежување за сите шофери.-вели наша сограѓанка која ни испрати слики и се вклучи во рубриката „Ти си твојот град“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град