„Змијарник“ до Музичкото училиште „Методи Патче“. Граѓани апелираат до Општината и ЈП Охридски комуналец да го решат овој голем проблем.
Секојдневно до нашата редакција пристигнуваат фотографии во склоп на проектот „Ти си твојот град“, од убави моменти, до лоши практики. Она што денес ни пристигна е една доста лоша слика за нашиот град кој важи за еден од најпознатите туристички центри на Балканот и пошироко. Наш сограѓанин кој ги испрати сликите, остави и коментар кој гласи:
–До ОМУ Методи Патче на бул Туристичка “змијарник “. Општина може да издаде налог на комуналното претпријатие да се искоси тревата и трњата и ако е приватен имот да му се фактурира на господинот.
Во продолжение погледнете ги фотографиите!
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град