Вашингтон призна дека се шверцува нафта од Исламска држава во Турција

Русија веќе неколку дена ја обвинува Турција за криумчарење на црното злато

 |  инфодеск  | 

“Количината на нафта која се шверцува е значително мала, а со време уште повеќе се намалува и е безначајна во поглед на нафтата и приходите”, рекол Amos Hochstein, координатор за енергетика на светско ниво во Стејт Департментот.

Американските челници рекоа дека во бомбардирањето значително е оштетена нафтената инфраструктура на џихадистите кои контролираат големи делови на Сирија и Ирак. Тие додаваат и дека нафтата која ја црпи Исламска држава, пред сѐ се користи во Сирија.

Русија веќе неколку дена ја обвинува Турција дека извлекува корист од шверцот со нафта која ја црпат џихадистите и дури директно го обвинуваат претседателот Таип Ердоган и неговото семејство. Напнатоста во врска со тоа прашање порасна и ја засили дипломатската бура помеѓу двете земји која настана на 24 ноември кога турците срушија руски воен авион на сириската граница.

Американската дипломатија во средата ги демантираше обвинувањата кон турскиот претседател и неговото семејство,  тврдејќи дека за тоа нема никакви докази.

Но, во петокот американски функционери признаа дека помали количини на нафта преоѓаат и се препродаваат на турско-сириската граница, но не во количини кои би требало да ја загрижат меѓународната јавност.

Нафтата од изворите под џихадистичка контрола воглавно се преработува и препродава на црниот пазар на подрачјата на кои се води војна во Сирија и Ирак.

Шверцот со нафта е еден од главните извори на финансирање на ултрарадикалната организација која на неа заработува околу 1,5 милиони долари на ден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top