Трет ден ни трага од авионот

Петмина патници не се качиле на тој авион

 |  инфодеск  | 

Судбината на патничкиот Боинг777-200ER и понатаму останува мистерија, рекол Азхарудин Абдул Рахман, шефот на малезиското цивилно воздухопловство.

Рахман додава дека сите досегашни дојави за видени делови од авионот, остануваат непотврдени. И вчерашното јавување дека е пронајден дел во морето на околу 80 км, исто така е непотврдено.

Роднините на патниците и на членовите на екипажот се припремаат на најлошото. Трагањето по авионот интензивно продолжува.

„За жал, не пронајдовме ништо што би личело на делови од авионот“, рекол Рахман. Додал дека се вложуваат големи напори во пронаоѓањето и дека барањето ќе трае колку што ќе биде потребно. Во трагањето учествуваат 40 бродови и 34 авиони од девет земји, на морското подрачје помеѓу Малезија и Виетнам.

Wall Street Journal јавува дека е откриено како 5 патници не се качиле на авионот, а пред полетувањето од Боингот се истоварил и нивниот багаж. А ова го потврдил и Малезискиот воздухопловен регулатор, и додал дека пронајдените дамки од нафта се дадени на лабораториска анализа.

Интерпол и FBI сеуште работат на дознавање на идентитетот на двајцата мажи кои на летот MH370 се качиле со лажни, односно украдени пасоши.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top