Расте ризикот од природни катастрофи во светот

Научниците предупредуваат

 |  инфодеск  | 

Како последица на климатските промени во последните 30 години, глечерите на Хималаите се намалиле за една четвртина, со што расте и ризикот од природни катастрофи, предупредуваат научниците.
Најновото истражување кое го спровел меѓународниот центар за интегриран развој на планините (ICIMOD), со седиште во Катманду, покажува дека во периодот од 1977 до 2010 година, ледената покривка се намалила за 24%.
Лидерот на истражувањето, Самџвал Баџрачарја, изјавил за AFP дека намалувањето на глечерите во Непал, дефинитивно е поврзано со климатските промени и дека топењето на мразот е јасен индикатор дека температурите пораснале.
Истражувањето, кое го финансирала Норвешка, траело 3 години а научниците ги проучувале сателитските снимки од неколку претходни декади за да го одредат размерот на топење на ледената покривка во регионот.
Најбрзиот губиток на мраз е забележан помеѓу 1980 и 1990 година. Баџрачарја напоменува дека на поранешните сателитски снимки се забележале незначителни промени на непалските глечери.
Забрзаното смалување на глечерите би можело во иднина да го загрози пристапот на водените ресурси, посебно во областите каде надземните води се ограничени, а монсунските дождови спорадични.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top